Публиката под чадори уживаше во настапот на македонскиот виртуоз на пијано Симон Трпчески кој вчеравечер првпат настапи на најпопуларниот летен фестивал во земјава Д Фестивал.
Трпчески го претстави неговиот музичкиот проект „Македонисимо“, кој имаше светска премиера во 2017 година во Лудвигсбург, Германија, претпремиера во родното село на таткото на Трпчески, Збажди на планината Караорман.
Дождот не ги спречи љубителите да уживаат во квалитетен звук кој го приреди Трпчески со неговиот бенд, додека изведуваа македонски песни и ора. Помеѓу музичките сплетови Симон Трпчески раскажуваше како настанале дел од композициите обработени на оригинален начин.
По настапот на Трпчески, на програмата на Д Фетсивал беа настапите на српскиот бенд С.А.Р.С, англискиот дј и продуцент Сигала и за крајот на втората фестивалска вечер зад дј пултот застана Кирил Џајковски.