(Видео) Алиоски со емотивно видео се збогуваше од Фенербахче, фудбалерот ќе игра во дресот на Ал Ахли

Македонскиот репрезентативец Езџјан Алиоски -Џани по една помината во фудбалскиот клуб Фенербахче го напушти и се врати во саудиски Ал Ахли.

Алиоски помина една година на позајмица во турскиот гигант, а сега официјално се збогуваше со клубот.

„Секогаш е тешко да се каже збогум, но таков е животот. Благодарам на големата поддршка и ми беше чест да бидам дел од овој голем клуб“, објави Алиоски.

Во својата клупска кариера Алиоски беше дел и од Лидс Јунајтед, Лугано, Шафхаузен и Јанг Бојс.

 

Scroll to Top