Со шлиц до колк, Елена Ристеска за настап во Сараево

Поп-пејачката Елена Ристеска вчера настапи во Народниот театар во Сараево со Сараевската филхармонија и групата „Регина“ со која пред неколку години заедно го препеаа хитот „Љубав није за нас“.

Пејачката за настапот одбрала црн долг фустан со висок шлиц и мрежеста наметка и црни салонки. Стајлингот го искомбинирала со накит во црна и бела боја и впечатлив црвен кармин.

Пред настапот во Народниот театар пејачката изјави дека Сараево секогаш и буди убави спомени. Посетата на Сараево таа ја искористи да гостува во неколку телевизии.

А вечерва Елена најави дека ќе настапи во Бања Лука и објави видео од генералната проба.

„Спремни за Бања Лука. Вечерва на Тврдината Кастел на фестивалот „Денови на музика” заедно со Група Регина ќе пееме и ќе се дружиме“, напиша Елена Ристеска.

 

Scroll to Top