(Фото) Андреј од ДНК со семејството изгореа на Миконос

Пејачот од ДНК Андреј Ѓеорѓиевски е на одмор со семејството на Миконос во Грција. Со сопругата Наталија и ќерка му Јана ги посетија некои од најубавите плажи на островот, а ги видоа и познатите ветерници од 15-от век. Им се погоди топлото време, а фановите им рекоа дека изгореле на сонцето.

„Да не изгоре малку, како да си од Шутка“, му коментираа тие.

За потсетување, Андреј и Наталија ја имаат седумгодишната Јана за која Андреј вели дека е петтиот член на ДНК, после двата сина на Панчо.

 

Scroll to Top