Бившата ракометарка на Вардар Андреа Кликовац се омажи за пејачот од „Гранд“ Угљеша Радоњиќ. На свадба им дојдоа многу спортисти и пејачи од „Ѕвездите на Гранд“, каде Радониќ настапуваше.
Крстиња Тодоровиќ, Ненад Манојловиќ, Урош Живковиќ и Марина Станкиќ ги забавуваа гостите до рано утрото, а по нив и Радониќ се фати за микрофонот.
Од спортисите дојдоа и некои од бившите колешки на Кликовац од Вардар, Јованка Радичевиќ, Итана Грбиќ, Андреа Лекиќ, Сираба Дембеле, Барбара Лазовиќ, но и некои од соиграчите од националниот тим како Ема Аливодиќ, Љубица Ненезиќ, Бобана Кликовац, Ѓурѓина Јауковиќ.