Семејството на Кико донираше 500.000 дeнари за болно дете

Семејството на Кико донираше 500.000 денари за Стефан Дуртаноски. Парите кои беа собирани за нивниот син, кој не успеа да замине на лекување во Турција, сега ги дадоа за малиот Стефан на кој му е потребна помош, објави јутјуберот Стефан Лазаров.

Лазаров рече дека потребни се 585.200 денари за респиратор без кој Стефан не може да преживее и дека семејството на Кико, Горан, Катерина и Никица веќе донирале 500.000 денари.

„Ова е од Кико за Стефан. Голем респект од мене за Горан, Катерина и Никица, семејство со вистински вредности, чесно и хумано. Заслужувате многу, а на малиот Стефан му посакувам брзо да се опорави“, објави Лазаров.

 

Scroll to Top