Тамара Тодевска ја објави првата фотографија од плажа. Пејачката на инста стори објави видео како патува за Солун, а потоа и фотографија во црни бикини и капче од плажа.
Таа се фотографирала на плажите во Флогита.
По селфито објави и фотографија од коктел и чаша полна со овошје.
Пејачката изминатиот период имаше настапи во кафулиња, но и ја подготвува нејзината нова песна по големиот успех на нејзината последна песна „Нијагара“.