Стивен Џерард ќе му биде тренер на Дарко Велковски

Легендарниот играч на Ливерпул, Стивен Џерард, од наредната сезона ќе биде тренер на клубот Ал Итифак, во кој игра и македонскиот фудбалер Дарко Велковски. Џерард фудбалската кариера ја продолжи како тренер. Прво го водеше тимот на Ренџерс, а сега направи трансфер во Саудиска Арабија.

Покрај Велковски, во тимот на Џерард има уште неколку познати фудбалски имиња како Фелипе Кутињо и Џордан Хендерсон. За потсетување, Ал Ирифак досега двапати ја има освоено титулата во Саудиска Арабија, еднаш Кралскиот Куп и двапати арапската Лига на шампиони.

Во земјата од минатата сезона таму се пресели и Кристијано Роналдо.

 

Scroll to Top