Трифун Костовски потсети да не се заборави Влатко Илиевски

Бизнисменот и поранешен градоначалник Трифун Костовски сподели фотографија од пејачот Влатко Илиевски, кој почина на денешен ден во 2018 години.

„Да не се заборави. На денешен ден македонскиот музичар Влатко Илиевски беше пронајден мртов во својот автомобил. Влатко, остана вечно запаметен не само во мојата меморија, туку и во меморијата на цела Македонија“, вели Трифун Костовски.

За потсетување, пред 6 години јавноста беше затечена кога осамна веста за пејачот Влатко Илиевски, кој беше пронајден мртов во својот автомобил. Имаше 33 години. Тој беше актер, музичар и со години беше дел од групата „Морал“.

Со песната „Русинка“, ја претставуваше Македонија на евровизиската сцена. Беше и водител на детскиот фестивал „Златно Славејче“.

Scroll to Top