Марија Задравец од Хрватска е прогласена за европски шампион во секс.
„Уште еднаш, благодарам на сите луѓе кои ме поддржаа и дадоа доволно гласови за победа. Исто така, благодарност до сите медиуми кои го покриваа овој настан, и голема благодарност до Шведската федерација за секс за богатата награда. Ви благодариме до организаторот Драган Братиќ за довербата и можноста за учество во проектот и уште една благодарност до Жига Седевчиќ и Добра Дружба од Словенија кои ме препорачаа за овој проект“, напиша Марија на социјалните мрежи.
Таа во Меѓумурје се врати со победничкиот пехар и парична награда од 995.000 евра, пишува еМеѓимурје.
Потсетуваме, Марија ја претставуваше Хрватска на европскиот секс натпревар кој траеше два месеци. Во средината на јуни беше објавено дека натпреварувачите го напуштиле натпреварот во Шведска, откако организаторот Драган Братиќ, родум од Топузово Поље во Босна и Херцеговина, и Шведската федерација за секс наводно не им ги платиле хонорарите.
Од натпреварувачите се барало да имаат интимни односи најмалку 45 минути на ден, а на оценувањето на нивните сексуални односи влијаеле издржливоста, техниката и креативноста. Натпреварувачите на крајот тврдеа дека биле измамени за илјада фунти.
На крајот Европското првенство во секс имаше прогласен победник. Иако на првенството беше само еден ден, Марија за време на натпреварот доби најмногу гласови од публиката.