Нина Ангеловска, бивша министерка за финансии ја објави свадбената фотосесија која ја направија со нејзиниот сопруг Виктор Станков.
Парот минатата недела се венчаше и направи свадба во скопски хотел, а гости им беа познати личности од јавниот и политичкиот живот.
Една недела по свадбата Нина со сопругот Виктор, заминаа и на меден месец. Тие уживаат во убавините на Санторини.
Нина на свадбата носела креација на македонската дизајнерка Антониа Ристовска, а за нејзиниот стајлинг се погрижил мејкап артистот Даниел Николовски.
„Свадбена фотосесија. Уметнички дел. Кога фотосесијата е уживање со професионалци како Војкан Миленковиќ и Даниел Николовски, а изборот на слики за пост трае подолго од фотосесијата“, напиша Нина.
Фотографии: Инстаграм Нина Ангеловска/ Војкан Миленковиќ