Поп-пејачот Александар Тарабунов вчера ја пееше македонската химна за Денот на независноста на САД. Прославата традиционално се одржа во дворот на американската амбасада во Скопје.
Претседателот на државата Стево Пендаровски и сопругата Елизабета, која беше облечена во бел фустан до колена. Присутен беше и премиерот на државата Димитар Ковачевски, министерот за европски прашања Бојан Маричиќ, како и министерката за одбрана Славјанка Петровска која за оваа пригода одбрала комплет со долга сукња во зелена боја.
Амбасадорката на САД во земјава Анџела Агелер како домаќинка носеше бели панталони искомбинирани со бела кошула, и наметка со беш боја.
„На еден одличен настан вчера бевме домаќини на повеќе од 900 гости, пријатели и партнери на Амбасадата за да го прослават 4 јули, Денот на нашата независност“, рече амбасадорката Агелер.