(Видео) По четири години Хелена Роза дојде во Скопје: Ребека и направи весел дочек на аеродром

По четири години откако последен пат беше во Скопје, некогашната водителка Хелена Роза повторно е дома. Таа вчеравечер пристигна од Нов Зеланд, а на скопскиот аеродром ја пречекаа, сестра и Ребека со близнаците, како и мајката на Хелена и Ребека. Насмевки, солзи, емоции, љубов, додека се прегрнуваа сите и конечно се заедно.

Роза пред 4 години беше еден месец во Скопје, каде го искористи времето да се види со своите најблиски. Роза веќе неколку години живее во Нов Зеланд. Во брак е со Игор, со кого го има синот Тиан, а од првиот брак ја има ќерката Кјара.

Scroll to Top