Студената вода го зголемува хормонот на машкоста: Воислав Синадиноски четири пати неделно плива во Радика

Воислав Синадиноски, некогашен репрезентативец и алпски скијач од Гостивар, влезе во студените води на реката Радика, како еден вид терапија, и за телото и за душата. Студената вода не му пречи, туку го смирува овој дваесет и три годишен. Во разговор за Репортер, ни раскажа што значи да се влезе во мраз ладна вода и колку за него е тоа важно.

“ Веќе неколку години практикувам туширање со ладна вода, потопување  во вода со мраз и пливање во ладна вода барем 4 пати неделно. Јас оваа техника ја применувам поради неколку придобивки: намалување и одржување на низок процент на телесни масти, природно зголемување на тестостерон и воедно физички перформанс, хормонален баланс и зголемено лачење на хормонот на среќа – серотонин, кој најинтензивно се лачи во првите неколку минути по завршувањето на ладната терапија“, ни открива за Репортер, Синадиноски.

Ни откри дека до скоро бил  репрезентативец и професионален алпски скијач. Но сепак престанал да се занимава професионално со овој спорт не само заради повреда, туку и затоа што бил разочаран од раководните структури на овој спорт.

“Одлуката да престанам професионално да се занимавам со скијање  е заради повреда, но и разочарување во раководните структури. Па токму тоа повлекување ми овозможи услови и пред се доволно време да ги спојам двете работи кои најмногу ги сакам, спортот и природните науки. Иако сум цел живот во спортот, секогаш може да се научи нешто ново и да се усоврши старото знаење. Интензивно учев и сеуште учам за различни типови на тренинзи, се запишав и дипломирав на Природно Математичкиот Факултет, како дел од првата генерација по биологија и нутриционизам.“, ни раскажа Синадиноски.

Сега работам како фитнес и кондиционен тренер онлајн и во Скопје, се обидувам да претставам иновативни начини на тренинг и начин на живот,  базирани на неговото знаење како од факултетот, така и од своето секојдневно искуство.

Александра Георгиев

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Voislav Sinadinoski (@vojce_sin)

Scroll to Top