Романската оперска дива Анџела Георгиу ќе го отвори 63. Охридско лето, а претстава со Милош Биковиќ за затворањето

Романската оперка пејачка Анџела Георгиу, вечерва ќе го отвори 63. издание на Охридско лето. Сопранот ќе настапи на сцената во Античкиот театар со Оркестарот на Националната опера и балет, под диригентство на Чипријан Теодорашку од Романија.

Георгиу со оркестрот ќе изведат дела од Верди, Чилеа, Пучини, Бизе, Брамс.

Во рамките на Охриско лето, публиката ќе може да ужива во 34 концерти и седум театарски претстави, а во програмата ќе има и балет, изложба на фотографии и промоција на книги. Локациите каде што ќе се случуваат културните настани во Охрид се Античкиот театар, сцената на Долни Сарај, Предворјето и црквата Св. Софија и Центарот за култура во Охрид.

Охридско лето кое започнува вечерва 12.јули и ќе трае до 20. август  ќе биде домаќин на  1.000 уметници од над 20 земји.

На програмата на 26. јули е и претстава на американскиот и холивудски актер, продуцент и режисер Џон Малкович, кој доаѓа со проектот во режија на Михаел Штурмингер „Вечер на Џон Малкович“ во придружба на сопраните Чен Реис и Сузан Лангбеин и Оркестарот на Виенската академија.

Затворањето е на 20 август, со претставата „Лагата“’ на Београдско драмско позориште, со српската ѕвезда Милош Биковиќ во главната улога.

Scroll to Top