Уметник од Куманово наслика мурал во Кочани со мотиви на градот

Градот Кочани доби два мурала со комбинација на традиционални и карактеристични мотиви за градот. Урбаното обележје на градот е на улицата „Димитар Влахов“ во Кочани на самиот влез на Кочани. Автор на муралите е Дејвид Стоилковски од Куманово, кој од 2019 година сериозно почнува да се занимава со цртање мурали.

„Муралите претставуваат комбинација на традиционални и карактеристични мотиви за Кочани, во кои доминираат фолклорни елементи, препознатливи објекти од општината и стилизација на оризот како специфична култура за Кочанско. Во периодот кој следува просторот опфатен со мурали ќе биде осветлен, што ќе овозможи уште поавтентичен изглед и амбиент“, информираа од општина Кочани.

Муралите биле изработени во рамките на Петровденската програма и Програмата за култура на Општина Кочани.

Scroll to Top