Марио Јозиќ е еден од 150-те пожарникари кои го гаснеа пожарот во областа Гребаштица кај Шибеник во Хрватска. Огнот зафати неколку автомобили и куќи, а Јозиќ исцрпен од борбата, седна на патот за да земе воздух и одмори.Фоторепортер го сними, а фотографијата се рашири низ хрватските медиуми.
Често се вели дека една фотографија вреди илјада зборови, па така беше и со оваа. На неа се гледаат сите натчовечки напори на пожарникарите да спасат сè што може да се спаси, без разлика колку се уморни.
Марио со колегите од ЈВП Водице спаси две жени и две деца, туристи од Чешка и Словачка, од куќа опкружена со пожар. Во интервју за 24 часа потврди дека е тој е на фотографијата. „„Децата плачеа, а жените беа во шок“, се потсети на драматичните моменти. Сопственикот на станот му се јавил и го замолил со колегите да дојдат бидејќи не бил дома.
За жал, автомобилите на жените што ги спасил веќе изгореле, а тие биле исплашени и не се осмелиле да излезат од куќата. Кога пристигнале, им ставиле влажни крпи и ги однеле на безбедно.
Најважно, вели Марио е што успеале да ги спасат. Откако завршила драмата, во близина забележале дека гори покривот на куќата во која престојувале туристите.
„Тешко е, спасувате луѓе, но веднаш се фрлате да го изгасите огнот бидејќи гори насекаде“, рече Марио, кој е професионален пожарникар од 2012 година. Ова е негов втор голем пожар во Гребаштица.
Посочуви дека ситуацијата во Гребаштица е многу подобра и дека сега ќе може да одмори бидејќи наскоро на теренот ќе пристигнат нови сили. Во пожарот изгореа куќи и автомобили, а четири лица за жал се повредени. За момент настанала огромна паника меѓу мештаните, но и капачите.
Во еден момент пламенот се сврте кон Примоште.