Александар Јосифовски улови златен охридски крап

Александар Јосифовски кој се прослави во „Ѕвездите на Гранд“, деновиве е во родниот Охрид каде одмора од настапите. Фановите често можат да го видат покрај Охридското езеро како лови риба.

Покрај пеењето омилено хоби му е риболовот, па се пофали дека уловил голема риба Златен охридски крап. Тој е љубител на риболовот и често објавува фотографии со уловените риби.

За потсетување, Јосифовски долги години живее со девојка му Теодора, со која наскоро спремаат голема свадба. Тој е син на фолк-пејачката Елизабета Јосифовска која во 1996 година со песната „Ем го мразам, ем го посакувам“, настапи на популарниот струмички фестивал „Тримери“.

Елизабета веќе долги години живее во Австралија, а како што нејзиниот син откри неодамна, тие наскоро би можеле да снимаат и дует.

 

Scroll to Top