Актерката Сара Климоска ја освои наградата за најдобра актерка за улогата на Доста во филмот „Кајмак“ на фестивалот за филм во Сомбор, Србија. Во Србија филмот беше и на редовниот репертоар во кината.
Филмот ќе има и американската премиера на фестивалот Синеквест во Калифорнија од 15 до 30 август. Станува збор за еден од најреномираните независни фестивали, а програмата поддржува нови и креативни уметнички дела.
„Кајмак“ неодамна ја имаше и данската премиера во Копенхаген. „ Филмот досега е продаден во над 50 земји од Европа и во многу земји низ светот. Филмот светската премиера ја имаше на фестивалот во Токио.