Со музика и оро се славеше раѓањето на Киан: Сопругот на Антониа Гиговска направи мекици во скопски ресторан

Со музика и блиски пријатели во скопски ресторан, сопругот на пејачката Антониа Гиговска, Роберт Спасенцовски направи мекици за раѓањето на синот Киан.

Пејачката на Инстаграм објави инста стори од прославата, на која имало украси направени за Киан. Бели и сини балони и декорација на која е испишано името на бебето.

Сопругот на пејачката објави видео од мекиците и како ја пее песнаа „Ја без тебе немогу да живим“. На мекиците пееле и некои од гостите музичари, а меѓу нив и Филип Божиновски и Филип Пешевски, кои се добри пријатели на парот. Помеѓу гостите беше и мејкап артистот и стилист Даниел Николовски кој е близок пријател и соработник на Антониа.

Антониа Гиговска се породи пред четири дена и објави фотографија од бебето.

Антониа и Роберт се верија во јануари оваа година, кога ја споделија и веста за бременоста. Тие стапија во брак на 30 април.

Scroll to Top