Весна Бејби ослабе 10 килограми: Ставив патент на уста, оперирав жолчка и јадам само варен зеленчук

Актерката Весна Петрушевска ослабе повеќе од 10 килограми, а по операцијата на жолчката која траела два часа го враќа телото во нормална состојба.

Таа ја оперираше жолчка, односно ја извадила жолчката, за која вели, била преполна со камења и морало да се интервенира. По два часа, во оперативната сала, конечно сега ужива на плажа, плус како вели стопена, со килограми помалку

Весна за Репортер, ни откри дека е под строг режим на исхрана, особено откако докторот ѝ рекол дека мора да ослабе.

„Па, кога доктор ќе ти каже дека мора да ослабеш, значи веќе ситуацијата е сериозна. А, кога видов што камења ми извади од жолчката, доктор Огнен Костовски, па не можам ни да го опишам тоа“, раскажува Весна.

Таа изминатиов период е само на здрава храна и не планира да го менува режимот на исхрана.

„Морав да јадам храна само онолку колку за да ми работи организмот. Целосно го исфрлив шеќерот. Исто така и млечните производи, црвено месо, значи ништо од тоа не смеев да јадам. Само варен зеленчук“, ни откри актерката.

Сега кога закрепнува, и го враќа телото во нормала, вели дека е среќна што е ослабена, но и на шега додава: Маме, само патент на устата, ако сакаш да ослабеш, друго ништо не помага.

Актерката објави фотографија во костим за капење, за која рече дека не е фотошоп, и додава дека најважна е самоконтролата кога станува збор за храната.

„Мене ми остана само малку стомаче, кое ќе спласне поради операцијата. Да ви кажам само ако си ставите патент уста и откако ќе се освестите дека храната е самоконтрола, тогаш го враќате телото во нормална состојба. Само љубов одвнатре ништо друго за да може да ги сакате другите околу вас.“, рече Петрушевска.

Весна која неодамна на Клиничкиот центар направи операција на жолчката, ни кажа дека имала трауми од мала кога ја носеле низ ходници во болница, но дека овој пат носи поинакво искуство. Операцијата траела два часа, но била во раце на тимот кои се грижеле за неа, биле професионални и дека добила комплетна нега.

А.Георгиев

Scroll to Top