„МКЦ Скопје не заборава“ е насловен настот кој ќе сеодржи на 26 -ти јули по повод одбележување 60 години од разорниот земјотрес во Скопје.
„Како институција која е дел од проектот за издигнување на пост-земјотресно Скопје со пригодна програма ќе го одбележи 60 годишниот јубилеј од кобниот настан. Тој фатален скопски ден, далечната 1963 покажа дека Скопје е кревок град. Оттогаш, со секој изминат ден Скопје се сеќава на трагедијата која го зафати нашиот град, но и на силниот светски наплив на солидарност кој го издигна Скопје во бастион на хуманизмот и обновата“, велат од МКЦ.
Во музичка програма вклучени се Педро Хорисонте, Луфтанза, концерт на групата Баклава кои воедно ќе имаат и промоција на нивниот нов албум „За Скопје со љубов“. Почетокот е во 21 часот, во паркот зад МКЦ.
Во филмската програма ќе се прикажува македонскиот филм „Скопје Ремикс“, точно на полноќ во паркот зад МКЦ.
Во галеријата на МКЦ ќе се одржи и изложбата на фотографии „Попатни одблесоци” од Ристо Костовски, со почеток во 20 часот.
Во рамките на настанот ќе се одржи и Детска ликовна работилница, „Моето Скопје: илустрирајќи го градот од соништата” со Доротеј Нешовски, со почеток во 18 часот во паркот зад МКЦ.
„Бетонско Скопје”, изложба на фотографии од Филип Конески и Борис Јуримовски, во Галерија 2 МКЦ, со почеток во 20 часот и 30 минути.
Влезот на сите култуни настани во МКЦ е бесплатен.
Фото: МКЦ/ Фејсбук