Песни за Скопје и евергрини кои наврааќаат сеќавања за еден поинаков период, вчеравечер пееше поп-пејачката Тамара Тодевска во Музјот на Град Скопје, по повод одбележувањето на 60 години од катастрофалниот земјотрес.
„Мојот град, моите луѓе и „терапијата“ која му беше потребна на Скопје. Да зборуваме за Скопје и да си го чуваме“, вели Тамара.
Преполно од луѓе кои уживаа во звуците на македонските евергини, и кои со видеа од некогашно Скопје прикажани на ѕиднините од Музејот се сеќаваат на земјотресот од 1963.
Пејачката имаше поддршка и од нејзината колешка Каролина Гочева со која заедно се фотографираа.
Двете облечени во црна комбинација. За стајлингот на Тамара се погрижил македонскиот моден дизајнер Игор Марков, со кој пејачката соработува веќе подолго време.
Настапот на Тамара беше дел од мултимедијалниот настан, во организација на музичката платформа „Терапија“.
Настанот обедини повеќе уметности: музика, слика, филм, визуелна уметност. Зад организацијата на настанот стои и Тренчева Ботовача Слободанка, заедно со платформата Терапија, која воедно е блиска пријателка на Тодевска.