Не дај се годинама моја Инес, вели Џамбазов за 77. роденден на Раде Шербеџија

Актерската легенда Раде Шербеџија наполни 77 години. Иако не му е омилена тема за разговор бидејќи не сака да ги брои годините, сепак една честитка стигна и од Игор Џамбазов. Тој објави нивна заедничка фотка, и вели: Шербеџиев, среќен 77-ми роденден. И не дај се годинама моја Инес“.

На прашањето за родендените, Шербеџија за во изјава за 24сата.хр вели:

„Воопшто не сакам да зборувам за тоа. Хаха. Па сите знаат колку години имам. Не сум славел роденден со години. Последен пат славев кога наполнив 45 и оттогаш почнав да бројам наназад, се пошегува актерот“.

Шербеџија е роден на 27 јули 1946 година. Дипломирал 1969 на Академија за театар, филм и телевизија во Загреб.

Scroll to Top