(Видео) Среде Корчула ечеше „Елено, ќерко Елено“: актерот Драган Спасов-Дац направи забава за туристите


Актерот Драган Спасов Дац додека е на одмор во Храватска и додека ги шета тесните сокаци на Корчула, не пропушти прилика да запее со улични свирачи и да направи забава за случајните туристи, кои снимаа со мобилни телефони.

„Елено, ќерко Елено“ ечеше во Корчула, но не ги запостави ниту домаќините. Па заедно со уличните свирачи отпеа и нешто на храватски јазик.

„Во срцето на Корчула, нашиот Дац уловен од туристи како одлично пее македонски и хрватски песни со уличниот далматински состав. Нашиот “Љубовен пасош” патува насекаде“, напишаа на фанс траницата на Фејсбук Дац и Александар.

„Прекрасна глетка како спомените од од Југословените живеат благодарение на музиката. Браво и за Македонците и за Далматинците меѓусебната почит е многу пријатна и за слушање и за гледање душата ти се растреперува.Тоа е вистината, тоа е живот“, „Браво, браво, прекрасно. Нашето заедничко минато има ставено печат во нашите души, што не може да се избрише. Слушањето на оваа заедничка изведба, не потсетува на минатите години, на убавите фестивали и дружења, низ целата наша, бивша Југославија. Носталгија за тоа време“,„Прекрасен како и секогаш, човекот живее со девизата „кој пее зло не мисли“, „Во вашиот репертоар на песни задолжително да внесете и вакви, далматински, мелем за душа и срце. Се топи човек кога ги слуша“, се дел од коментарите на фановите на Дац.

Scroll to Top