Турската актерка Мерјем Узерли, попозната како Хурем, пристигна во Хрватска. Актерката гостувала на роденденската прослава на бизнисменот Мехмет Корутурк.
Екипата одлично се забавувала, а дружењето продолжило и денеска.
Таа објави и инста стории во на кои ја стави песната од Црвена Јабука, „Мало че да се купано“.
Инаку, актерката пораснала во Германија, па зборувала малку турски, поради што јазикот го научила на снимањето на серијата „Сулејман Величествениот“. Во 2013 година таа ја напушти серијата. За улогата на султан Хурем, Мерием освои многу награди.
Таа има две ќерки, осумгодишната Лара и двегодишната Лили Кои, со кои често сака да се фотографира. Како што еднаш објавија турските медиуми, набргу по породувањето, актерката се посветила на зафати и четири пати ги зголемила усните, ги нагласила јаболчниците и ги подигнала веѓите.