„Бебешки газоци“ бендот кој неславно заврши во ’97

Игор Џамбазов се потсети на бендот кој со Тони Михајловски и Гуру Харе го оформија во 1997 година. Рече дека „Бебешки газоци“ завршил неславно и дека истата година се распаднале.

„Оригиналната прва и последна постава на бендот „Бебешки газоци”, оформен 1997 и распаднат истата година. Членови: Гуру Харе на гитара, јас на лош глас, и Тони Михајловски на чешел“, рече Џамбазов.

За потсетување, глумецот со Гуру Харе неодамна го промовираа нивниот заеднички албум „Првите триесет“. Актерот го промовираше и 20. издание на неговата најпродавана книга „Гол човек“, како и маичките со стиховите од нивните песни.

 

 

 

 

Scroll to Top