Сом тежок 80 килограми уловен на Калиманско Езеро

Спортскиот риболовец Ванчо Стојмирски од Делчево улови сом тежок 80 килограми во Калиманско Езеро.

„Сомот кој е позната езерска риба го фатив на Калиманско Езеро. Должината му е 2,4 метри, а тежок е 80 килограми, иако на вагата покажува 82,05 кг. Тоа е поради садот во кој е ставен на мерење кој тежи 2,05 килограми“, рече Стојмирски.

За потсетување, претходно во месец јули годинава спортскиот риболовец Горанчо Ќурчиски фати сом тежок 70 килограми.

„Со Ванчо сме често на риболов. Во мојот случај тој ми помогна да го извадиме од водите. Тежеше за 10 килограми помалку од неговиот, значи 70 килограми и 230 сантиметри“, рече Ќурчиски.

Калиманско Езеро изобилува со ретки примероци на сом, а токму делчевските риболовци се едни од рекордерите со најголем улов на познатото вештачко езеро.

 

Scroll to Top