Реномираниот Joy fest годинава во Крива Паланка ќе слави јубилеен роденден со групите „ДНК“ и „Нокаут“. Фестивалот ќе се одржи на 27 и 28 август на градскиот стадион. Организаторите засега не откриваат детали, но засега се знаат само изведувачите.
Покрај „ДНК“ и „Нокаут“, ќе настапат и „Фикшн“ и Галоски. Joy fest важи за еден од најдобрите музички фестивали, на кој продефилираа многу познати музички имиња од дома и странство. Така ќе биде и оваа година, велат организаторите.