(Видео) Русите лансираа ракета на Месечината

Во обид да станат првата земја што испратила вселенско летало на јужниот пол на Месечината, Русија лансираше ракета на нејзината површина. Московската мисија Луна 25 полета според планираното од космодромот Восточни на истокот на земјата.

Ја испратија со верување дека на јужниот пол на Месечината се кријат големи резерви на вода. На овој начин Русија влезе во трка со Индија, чие летало веќе орбитира околу Месечината.

Шефот на руската вселенска мисија рече дека ракетата треба да слета на 21 август, а индиската се очекува да ја допре површината на Месечината два дена подоцна.

Русија последен пат испрати вселенско летало на Месечината пред речиси половина век.

 

Scroll to Top