Дуото ДНК, имаа концерт во Македонски Брод. Панчо и Андреј се изненадени од тоа каква публика има во овој мал град.
Млади луѓе, кои пееја на хитовите на ДНК и се забавуваа на нивните песни.
„Со оглед на големината на градот, некој да ни кажуваше дека во Македонски Брод има толку добра и распеана публика, никогаш немаше да му веруваме. Пред се, фасцинирани сме од приемот и прифесионалноста на сопствениците на клубот од секој можен аспект, а публиката беше една од најенергичните пред која некогаш сме настапувале. Ви благодариме од срце на сите кои бевте присутни, и дефинитивно се гледаме повторно“, беа импресиите на Панчо и Андреј и нивниот бенд.
Фото: Тоне Бандитс