Капитенот на македонската фудбалска репрезентација Стефан Ристовски се повлече од фудбалската репрезентација, поради нарушениот однос со селекторот Благоја Милевски.
Одлуката ја објави на социјалните мрежи и објасни дека разговарале со Милевски и му ги објаснил работите кои не му се допаѓаат во и околу репрезентацијата.
За потсетување, Ристовски капитенската лента ја наследи по пензионирањето на Горан Пандев со настапот на Европското првенство.