Таско во Охрид со сопругата и синот на зајдисонце прославија годишница: Благодарен сум за секој миг што го споделуваме

Музичарот Христијан Тасковски – Таско и неговата сопруга Таша со синот Лукијан заминаа на прв одмор.

Парот со две месечниот син уживаат во охридските зајдисонца. Таско и Таша го одбраа Охрид да прослават годишнина, а раперот и посвети емотивни зборови на сопругата.

„Наздравје за уште една година на љубов која е подлабока, семејство кое стана посилно и сопруга која е олицетворение на љубовта и благодатта. Додека ја славиме нашата годишнина, се потсетувам на неверојатното патување што го презедовме заедно, од партнери до родители, водејќи се рака под рака низ животните пресврти. Твојата посветеност како мајка и сопруга предизвикува стравопочит, и јас сум благодарен за секој момент што го споделуваме. Еве за нас, за љубовта што го исполнува нашиот дом и за безбројните авантури кои допрва не очекуваат“, напиша Таско.

За потсетување, Таско и Таша се венчаа во април и направија свадбена веселба на која славеа со тапани, трубачи, и со многу јавни личности, а потоа направија и забава на која го открија полот на бебето.

 

Scroll to Top