Ана, Милчо и Филип на црвениот тепих во Сараево: „Кајмак“ продолжува со својата успешна промоција

Актерката Ана Стојановска со режисерот Милчо Манчевски и актерот Филип Трајковиќ, се појавија на црвениот тепих во Сараево каде беше одржана и промоцијата на филмот „Кајмак“ на филмскиот фестивал. Глумицата се појави во елегантна црна тоалета со минимална шминка, ѓердан и нараквици.

Како гостин на Фестивалот, Манчевски доби и почесно место на вечерата со годинешните лауреати, шкотската режисерка Лин Ремзи и американскиот оскаровец сценаристот Чарли Кауфман.

За потсетување „Кајмак“ на 23 август ќе биде прикажан и на 33-то издание на Синеквест во Калифорнија, еден од најголемите и најреномираните независни фестивали во САД. До крајот на август и почетокот на септември, „Кајмак“ ќе биде прикажан на уште четири европски фестивали.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ana Stojanovska (@anchi.stojanovska)

Scroll to Top