Македонскиот и светски пијанист Симон Трпчески објави видео во кое ги покани сите на неговиот настап во селото Секирник, родното место на неговата мајка Нетка. Тој ќе има настап на 26 август, со почеток во 20 часот, со интернационалниот музички проект „Македонисимо“. Проектот ќе се реализира како дел од манифестацијата „Босилово културно лето 2023“.
„Ве поканувам на концерт во родното место на мојата мајка – Секирник (Струмичко), на 26 август 2023 година, да прославиме уште една убавина со уникатниот проект што ја прославува македонската музика – „Македонисимо“, во подножјето на прекрасната планина Беласица. Дојдете, сите заедно да уживаме“, вели Трпчевски