Фолк пејачката Сузана Спасовска денес слави роденден. Таа полни 59 години, а и сама објави на социјалните мрежи, дека во ист ден слави и роденден и именден.
„И дојде тој ден, 24 август, мојот именден и роденден! Нека си се множат годините! Нека е за многу години денешниот ден, Св.Сузана„, вели таа.
Фолк дивата Сузана Спсовска е родена во 1964 година во Скопје. Уште од дете настапувала во голем број хорски ансамбли и пејачки групи. Подоцна постигнала извонредна пејачка кариера, изведувајќи неколку стотини народни и авторски фолк песни.
Спасовска уште од 80-тите години на минатиот век ја негува македонската песна и има снимено над 21 самостојни аудио и dvd изданија, многу видео записи со врвен квалитет, музички антологии, самостојни концерти и фестивали. Нарекувана е Сузе Национале, Златното грло, Славејот македонски, а позната е по своите уникатни настапи и кореографии.
Сузана Спасовска гостувала речиси низ целиот свет: САД, Канада, Европа, Австралија, а имала и настапи на врвни светски сцени, како: Ватрослав Лисински во Загреб, Цанкарјев дом во Љубљана, Брукс центар во Мелбурн, Опера хаус во Сиднеј и други. Почнувајќи од 1986 до 2019 година, таа има издадено повеќе од 15 албуми, меѓу кои и две двд изданија.
Во организација на „Роса продукција“, на 4 март 2016 година, Спасовска одржа голем јубилеен концерт по повод 30 години од нејзината музичка кариера.