Гого Славески е нов светски шампион во велтер категорија во борби со голи раце во верзијата БКФЦ. Македонецот, кој 10 години настапува во САД, во Мајами го победи Американецот Џејк Линдзи
Судиите на крајот ја донесоа одлуката и сите беа едногласни за победа на македонскиот борец. Двајца од судиите бодуваа исто со 49-46, а еден со минимален резултат 48-47. Славески и Линдзи во борбата велгоа со ниту еден пораз, а Македонецот го продолжи успешниот учинок 6-0. Линдзи сега има скор од 4-1.
Gorjan Slaveski is the NEW BKFC Welterweight Champion! 😤#BKFC49 @bareknucklefc pic.twitter.com/0m73UQf0OZ
— Triller Fight Club (@trillerfight) August 26, 2023
„За мојот народ никогаш да не зборуваш во деминутив. Светски успех. Радувајте се Македонци, остваривме историја, остваривме историја. Македонија е мала држава, со едвај два милиони жители и навистина е тешко од таму да се стане најдобар во светот. Но, успеав во тоа зашто ние сме земја на шампиони“, рече Славески по победата.
Gorjan Slaveski defeats Jake Lindsey via unanimous decision (49-46, 49-46, 48-47) to become the undisputed #BKFC welterweight champion. #BKFC49 pic.twitter.com/UulSdpeH5u
— InsideFighting (@InsideFighting_) August 26, 2023