Клубот од Саудиска Арабија, Ал Ахли чија мнозинска сопственост е еден од најбогатите фондови во светот му го раскина договорот на македонскиот фудбалер Џани Алиоски.
На Алиоски кој се врати во клубот од Фенербахче, каде играше како позајмен фудбалер, му било речено до крајот на преодниот рок во Европа да си најде нов клуб. Ваквата ситуација настана откако клубот го ангажираше Габри Веига од Селта, како деветти странец во тимот, а имаат право само на осуммина.
Триесет и едногодишниот Алиоски во двата мандати одигра 31 натпревар за Ал-Ахли и постигна шест гола со неколку асистенции. Претходно играше за Шафхаузен, Лугано, Лидс Јунајтед и Фенербахче.
Во новата сезона ја започна одлично откако се здружи со сите новите ѕвездени засилувања Ријад Марез, Роберто Фирмино, Франк Кеси, Едуар Менди, Роџер Ибањез.