(Фото) Карлеуша ја испеа „Карлибич“ пред 10.000 публика во Нови Бечеј ѝ направи делириум

Поп дивата Јелена Карлеуша за прв пат по објавувањето на албумот „Алфа и омега“ премиерно ја изведе песната „Карлиб*ч“, со која го отвори концертот во Нови Бечеј. Пејачката пред илјадниците фанови излезе на сцена со танчери во минималистички вселенски костум.

Се појави видно расположена во кратки шорцеви и градник, огромни црни наочари кои ѝ го покриваа половина од лицето и необични чизми. На фановите им приреди вистинско изненадување. Кога почна да ја пее песната „Карлибич“, настана делириум.

Околу 10.000 луѓе пееја во еден глас заедно со неа. За потсетување, Карлеуша, две недели по објавувањето на првата, а една недела по објавувањето на втората, вечерва пред публиката отпеа само една песна на концертот во Нови Бечеј, како дел на „Великогоспојнички денови“.

 

Scroll to Top