(Видео) Во секси бикини Каролина му позира на Михаил: Двојката на море во Скијатос

Поп-ѕвездата Каролина Гочева со сопругот Михаил Корубин ги минува последните денови од летниот одмор. Пејачката објави фотографии и видеа додека му позираше на сопругот во шарени секси бикини на плажите на Скијатос во Грција, а убаво си поминаа и уживаа додека пловеа на глисер за време на зајдисонце.

„Убава недела во Скијатос“, рече пејачката која од фановите доби само комплименти.

„Најприродна најубава и најталентирана девојка“, и порачаа тие.

За потсетување, Каролина секоја година оди на патувања заедно со Михаил. Годинава беа заедно во Рим, а минатата година парот ја посети Италија, но во регионот Пуља, но и на плажата Галиполи.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Karolina Goceva (@karolinagocheva)

Scroll to Top