Македонскито џез музичар Владимир Четкар во октомври ќе одржи концерт во Јужна Кореја за 20 годишниот јубилеј на тамошниот најголем и најпрестижен џез фестивал, „Јарасум Џез Фестивал“.
Четкат втор пат ќе настапи на „Јарасум Џез Фестивалот“, а покрај овој фестивал тој ќе одржи уште два концерти во Јужна Кореја од кој на 6 Октомври во водечкиот џез клуб во Сеул, а на 8 Октомври во центарот за уметности на градот Гангнеунг, ‘Gangneung Arts Center’. Четкар таму ќе се претстави со својата авторска музика на главната сцена на која ќе настапат некој од најзвучните светски џез имиња од поновата и старата генерација како Ричард Бона, Јулиан Лаге, Тигран Хамасјан и други.
На турнејата во Јужна Кореја Четкар ќе биде придружуван од бенд составен од македонски музичари и тоа Филип Стевановски на тромбон, Борислав Веселинов на тенор саксофон, Филип Димисковски на клавијатури, Ѓоле Максимовски на бас гитара и Дино Милосављевиќ на тапани.
По Кореја, Четкар заминува за Јапонија каде ќе има промотивни активности околу неговиот нов сингл ‘A New Day’ со кој ќе го најави новиот студиски албум како и радио интервју со Масахару Јошиока, еден од најпознатите музички критичари во Јапонија и еден од најголемите промотери на музиката на македонскиот кант автор и изведувач во Азија.