Нема крај на досетките на директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов. Откако направи селфи со пожарникари кои вчеравечер го гасеа огнот кај с. Бељаковце и с. Руѓенце, објави и видео на кое напиша: Иде Дунав …
Така да, без гајле, штом „иде Дунав“ и пожарот ќе биде згаснат оти Стојанче е како Чак Норис, коментираат на социјалните мрежи.
По објавите на видеото, тој вчера рече: „Иако генерално се избегнува ноќно гаснење на пожарите на отворено, овојпат, со храбрите македонски пожарникари одлучивме во текот на ноќта да го нападнеме силниот оган кој проголта две стари, но функционални куќи од с. Бељаковце, вклучително и две помошни простории во ова село. Но и една стара напуштена куќа во с. Руѓенце.
По два часа пожарот во текот на ноќта, целосно беше изгаснат.