Тамара Котевска е првата македонска авторка која ќе одржи говор на Венецискиот фестивал

Режисерката Тамара Котевска е првата македонска авторка која ќе одржи говор на Венецискиот фестивал. Котевска која со документарецот „Медена земја“ стигна и на Оскарите, доби покана од организаторот на фестивалот во Венеција, кој ќе се отовори на 30 август.

Котевска ќе зборува на1 септември во рамки на настанот Lights Camera Impact, за филмови кои имаат моќно социјално влијание и прават општествена промена. Покрај неа поканети се уште двајца автори чии филмови направиле влијание врз општеството за промена на свеста на луѓето за важни социјалните тему.

Една од наградите кои Котевска во 2019 година во Санденс ги освои за документарецот „Медена земја“, беше и онаа за „Влијание за промена“. Котевска на фестивалот ќе го најави новиот долгометражен документарец The Walk, кој ќе има светска премиера на Њујоршкиот фестивал во ноември.

 

Scroll to Top