Бразилската манекенка и поранешна сопруга на кошаркарот Марко Јариќ, Адријана Лима, се појави на црвениот тепих на 80. Филмски фестивал во Венеција, но фустанот што го избра за оваа пригода наиде на бројни критики.
Лима на црвениот тепих се прошета во долг светло златен фустан со длабоко деколте и набори.
Модните критичари истакнаа дека оваа боја не оди баш најдобро со нејзиниот тен, како и дека кројот на фустанот не ја истакнува нејзината фигура на вистински начин. Покрај тоа, таа доби критики за нејзиниот избор на шминка и накит.
Инаку, Адријана Лима со месеци е на мета на онлајн критичарите поради фактот што за чудо се здебелила по бременоста. Имено, манекенката неодамна го роди своето трето дете.
„Се борам да прифатам како изгледа моето тело сега. Секој ден морам да се потсетувам: „Слушај, прифати кој си. Прифати го своето тело“. Моето тело е тело во транзиција бидејќи имав бебе. Така, само донесов нов живот во светот. Тоа е голем благослов. Секое тело има различна реакција на бременоста и периодот по бременоста. Морам да вежбам секој ден, морам да вежбам прифаќање на промените. Секој ден се борам со тоа. Секој ден морам да се потсетувам дека сум само човек. Имам некои несигурности. Исто така, секој ден учам нови работи. Како што стареете, вашето тело не реагира на истиот начин како порано. Но, тоа е во ред. Учам“, изјавила таа за списанието „Пипл“ во април.