Штип ечеше од родољубиви песни, за Македонија се пееше во еден глас

Вчеравечер во Штип на плоштадот „Слобода“  беше претено да ги спобере љубителите кои дојдоа на караванот „Македонијо во срце те носиме“. На сцената публиката во еден глас со публиката пееја Бојана Скендеровски, Сузана Спасовска, Наум Петрески, Зуица Лазова, Андријана Јаневска, Александар Тарабунов, Огнен Здравковски, Марија Спасевска, Мина Блажев, ДНК, Ламбе и Миле Кузмановски.

Станува збор за проектот „Македонијо во срце те носиме“, во чии рамки 12 македонски изведувачи препеаја исто толку родољубиви песни , во нов аранжман на Николче Мицевски. Караванот „Македонијо во срце те носиме“, по Штип продолжува во Битола, Велес, Прилеп, Кочани, Тетово, Кавадарци и Скопје.

 

Scroll to Top