На социјалните мрежи беше објавена новата песна на Пајак и Таско, која носи наслов „Намерно“. Музиката и текстот е нивно дело, додека аранжманот го направи продуцентот Ивајо. За оваа песна, Таско и Пајак снимија и видеоспот, во кој покрај нив двајца се појавуваат и неколку згодни девојки. Спотот е во режија на „Урбан Рекордс“, односно Гордан Божиновски, Били и Никола Наумовски.