Фолк пејачот Благоја Грујовски, си заминува од познатата емисија „Везилка“, а на негово место веројатно ќе биде фолк пејачот Спасен Силјаноски. Тој сега ќе ја води емисијата на Алфа, и ќе и биде друштво на Адријана Алачки.
Веста за Репортер ни ја потврди и Благоја кој вели: Точно е, не сум веќе таму. Ќе има нови водители. Заврши циклусот, 100 емисии, а јас бев гостин, водител.
Емисија „Везилка“ се емитува на Алфа телевизија, каде до скоро Благоја беше дел од тимот. Концептот на емисијата е таков што екипата гостува низ Македонија и ги прикажува специјалитетите и традицијата.