Филип Арсов на „Што го врти светот“, први инвеститори во нашата апликација беа пилоти

Објавена е и третата епизода од „Што го врти светот“, овој пат тема е авио индустријата. Гостин во поткастот е Филип Арсов, ко-основач на Synapsis Aviation, македонска компанија која создаде софтвер за брифирање на пилоти и истиот и го продаде на Луфтханза Групацијата, една од најголемите групации на авио превозници во Европа и светот.

– Најголем дел од идејата дојде од мојот партнер кој е пилот, неговото име е Кочо Мојсов. Тој во еден момент истакна дека му е чудно дека управува со прекуокеански авион, кој чини речиси 400-500 милиони евра, во една од најголемите авио компании во свет, сеуште да користи материјали за брифирање кои се со застарена технологија.

По идејата која ја дал капетан Кочо Мојсов, тој и Арсов почнале со создавање на апликацијата. Први инвеститори, кои ги донеле и до првите клиенти биле пилоти. Тие верувале во нивната идеја познавајќи го пазарот. Потоа следела продажба на некои помали авио компании, кои биле првите клиенти на компанијата. Сето ова, им дало поттик да побараат и државно финансирање. Ги поддржал Фондот за инвоации и развој. На овој начин се финансирала апликацијата, која по завршувањето на Ковид пандемијата е откупена од Луфтханза. Според, Арсов важно е да се прават обиди, да се развиваат производ. Тој пред овој продукт имал и други обиди за сопствен производ кој ќе го пласира на светскиот пазар. Арсов работи и во областа на веб дизајн и развој на визуелни решенија, па во поткастот со Јована зборуваат и за тоа на кој начин Вештачката интелегенција ќе го смени начинот на кој работиме, реалноста во која живееме, па и безбедноста на авионскиот превоз.

Погледнете повеќе во третата епизода од „Што го врти светот“:

Scroll to Top