Партнерката на Роналдо, Георгина Родригез позираше на насловната страница на португалскиот Вог, а локалните медиуми шпекулираа колку таа заработила за овој ангажман.
Се шпекулира дека поубавата половина на Роналдо наводно заработила меѓу 100 и 120 илјади евра.
На насловната, таа носеше тексас јакна и фармерки во стилот на 2000-тите. Изгледот го надополнила со златен ремен и соодветно синџирче. Бидејќи се работеше за двојна корица, во втората верзија носеше долг фустан со животински принт.
Да потсетиме, Џорџина неодамна објави фотографија со Роналдо како ужива на вечерата, но следбениците забележале само едно – усните на Џорџина, кои изгледале поголеми од вообичаено.
„Што направи со усните?“, „Усни полни ботокс“, „Дали и таа мораше да го прави тоа?“, напишаа под новата објава.
Инаку, парот моментално е во Саудиска Арабија бидејќи фудбалерот настапува за клубот Ал Наср. Неодамна се шпекулира за проблеми во нивната врска, додека Георгина сето тоа го оспорува со нови фотографии од неа и Роналд заедно.