Српската пејачка Светлана Цеца Ражнатовиќ беше специјална гостинка на гала свадбата на синот на поранешниот шеф на УБК Сашко Мијалков.
Постариот син на Сашо и Сандра, Јордан пред неколку дена се венчаше во манастирот „Јован Бигорски“ со неговата сопруга Анастасија, а вчеравечер направија журка во познат скопски хотел.
На свадбата Цеца ги забавуваше гостите, а помеѓу нив голем број градски фаци и пријатели на Јордан и Анастасија. За присутните Цеца ја отпеа и „Македонско девојче“.
На социјалните мрежи познатите кои присутвуваа на свадбата споделија детали од атмосферата.
Парот пред една година направија интимна прослава за најблиските, а по неколку месеци ја добија ќерката Александра.
Анастасија е косопственик на концептуалната продавница „URMA“, заедно со нејзината сестра Александра Бела.